Почитувани граѓани на Битола,
ДА ПЛАНИРАМЕ ЗАЕДНО!
Битола, започна многу значајни активности за подготовка на План за одржлива урбана мобилност-ПОУМ.
За разлика од традиционалниот пристап на планирање овој вид на планирање става посебен акцент на активното вклучување на граѓаните од самиот почеток на процесот. Оваа анкета е првата во низата чекори со кои локалната самоуправа сака да го слушне Вашето мислење, и со големо внимание да го преиспита секој Ваш предлог. Заедно со Вас, локалната самоуправа сака да ја изработи визијата на Планот за одржлива урбана мобилност, чија имплементација ќе биде гарант за поздрав и поквалитетен живот на секој граѓанин на Битола. Ве молиме, да ја искористите оваа прилика и да го пополните овој анкетен прашалник (што нема да Ви одземе повеќе од неколку минути), а ќе дадете мошне значаен допринос кон продолжување на процесот за урбана Битола. Вашето мислење преку пополнување на прашалниците ќе може да го искажете заклучно до 27.08.2019.
Прашалникот може да го пополните рачно и да го доставите до архивата на Општина Битола, или пак електронски со допишување или болдирање на понудените одговори и пополнет да го доставите на следната мејл адреса:
Анкетата може да ја најдете на следниот линк на веб страницата на Општина Битола.
http://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2019/08/Anketa_gragjani_2819.doc