Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска упати честитка до учителите по повод 5 Октомври, Меѓународниот ден на учителот.
„Улогата на учителот во животот на децата е една од клучните за нивниот развој, за тоа како ќе се соочат со животните предизвици, но и за тоа како ќе се борат со нив. Токму затоа, во време на вака отежнати околности со кои се соочуваме – пандемија, уште позначајна е улогата на наставникот. Да се учат децата, да се вградуваат нови знаења од различни области, но и да се создаваат вредности во нив на толеранција, разумност, креативност, самодоверба, во вакви околности е бездруго за почит.
Од таму, упатувам длабок поклон до сите наставници за вложените напори и труд да останат достојни на својата професија, непоштедливо ангажирајќи се во исполнувањето на своите работни задачи.
Нека е честит Денот на учителот!“, рече Петровска.