ПЕТРОВСКА ГИ ПОСЕТИ НОВИТЕ ЗАНИМАЛНИ ВО БИТОЛСКИТЕ ГРАДИНКИ

ПЕТРОВСКА ГИ ПОСЕТИ НОВИТЕ ЗАНИМАЛНИ ВО БИТОЛСКИТЕ ГРАДИНКИ

Во три од постоечките девет градинки во рамките на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, наскоро ќе бидат отворени дополнителни занимални, со капацитет на сместување од 75 нови деца.

Комплетен инвеститор на овој голем проект за битолските градинки е Општина Битола, која одвои еден милион денари за трите нови занимални. Градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска ги посети објектите каде што е извршена реконструкција и опремување на трите нови занимални и посочи дека на овој начин, се намалува бројката на деца кои се на листа на чекање за сместување и престој во битолските детски градинки. Таа нагласи дека општината ги препознава потребите на заедницата и час поскоро мора да се изнајде решение за наталожената состојба со листата на чекање на деца за сместување во битолските градинки.

Во градинката „Колибри“ во населбата Стрелиште, во градинката „Вангел Мајоро“ во населбата Карпош и во градинката „Росица“ во населбата Буковски Ливади,  опремена е по една занимална, секоја наменета за нови 25 деца. Станува збор за простории во кои има комплетно нова опрема, која се состои од масички, столчиња, гардеробери, шкафчиња, креветчиња, душеци, постелнина, теписи, а за кратко време ќе се доопреми и со дидактички материјали за секојдневно работење со децата.

Со отворањето на трите нови занимални, како и со отворањето на новата детска градинка во населеното место „Кравари“, за само еден месец намалена е листата на чекање за 115 деца.