Американската ладино пејачка Сара Ароестe, чии корени потекнуваат од Битола, оствари средба со градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска во нејзиниот кабинет.
На средбата, Ароесте и подари на Петровска цд албум со песни од Битола, со соодветна симболика за еврејската заедница. Во овој музички проект, учествуваат 30-тина музичари од Македонија и Израел, а песните се отпеани на македонски и еврејски јазик.
Градоначалничката Петровска истакна дека со новите културни објекти во градот, зголемена е и можноста за настапи на уметници од целиот свет.