ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ НА ПАТЕКАТА КАЈ ЦРКВАТА „СВЕТИ АРХАНГЕЛ ГАВРИЛ“ ВО НАСЕЛБА ДОВЛЕЏИК

ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ НА ПАТЕКАТА КАЈ ЦРКВАТА „СВЕТИ АРХАНГЕЛ ГАВРИЛ“ ВО НАСЕЛБА ДОВЛЕЏИК

На површина од 800 метри квадратни, во населбата Довлеџик, партерно се уредува патеката во близина на Црквата „Свети Архангел Гаврил“. За подобрување на условите во овој дел на градот, општината, вложува 1.750.000 денари. Изминатите неколку месеци, завршено е партерното уредување и на улиците „Вера Циривири Трена“, „Булевар 1 Мај“ (во близина на Сточен пазар), како и на патека на улицата „Железничка“. На овие три улици, уредена е површина од 780 метри квадратни, за што општина Битола издвои 1.000.000 денари.