ПАРКИНГ ДЕН ВО БИТОЛА

ПАРКИНГ ДЕН ВО БИТОЛА

На ден 16.09.2016 (петок) од 11:00-20:00 часот, за прв пат во Македонија, на плоштадот „Гоце Делчев“во Битола, ќе се одржи меѓународниот настан ПАРК(инг) ден Битола /PARK(ing) dayBitola/. Настанот во Битола има за цел да го трансформира паркинг просторот во простор на кој главен акцент ќе биде развивањето зелени идеи. Зелените идеи ќе се развиваат од сите посетители, преку предвидени отворени програмски содржини и активности: создавање на привремен парк, поставување на урбана опрема, дискусии за одржливо планирање, зелена канцеларија – канцеларија на отворено, детски програми, едукативни програми итн. Настанот ќе биде збогатен со DJ-сетови, а за најкреативните зелени идеи, НУ Центар за култура и ИФФК „Браќа Манаки“, ќе доделуваат влезници за фестивалските филмски-проекции.
ПАРК(инг) ден /PARK(ing) day/ претставува светски настан за подигнување на свеста за вредноста на јавниот простор, којсе одржува секој трет петок во месец септември.Оваа година, повеќе од 80 држави ширум светот, ќе се вклучат во настанот, а УрбанЛаб Битола(група локални архитекти), за прв пат во Македонија, и тоа во Битола,го организираат ПАРК(инг) ден Битола /PARK(ing) day Bitola/.Настанот е поддржан од: Општина Битола, Градски паркинзи – Битола, ЈП Комуналец Битола, ИФФК Браќа Манаки – Битола, НУ Центар за култура – Битола, Битола на точак, Merci и Tchibo.

parklogo2

ФЛАЕР