Започна имплементацијата на проектот „Кинокултура“, откако денес во Општина Воден, Република Грција, се одржа Kick of meeting –состанок, со кој стартува реализацијата на конкретните активности предвидени со проектот од програмата за прекугранична соработка со Грција IPA CBC Greece – The Republic of North Macedonia.
На оваа средба е дефинирана динамиката на спроведување на активностите со кои ќе биде набавена опрема за кино проекции на отворен и затворен простор. Преку проектот е предвидно да се отвори туристички информативен центар со комплетна опрема, да се изработи студија за валоризација на културно-историското наследство во прекуграничната област, а исто така, во ремките на проектот да се подготви 3D апликација за виртуелна прошетка низ стариот театар и други културно историски значајни објекти од Старата чаршија.
Проектот ќе овозможи културно туристичко поврзување на прекуграничната област во функција на создавање услови за локален економски развој и унапредување на туризмот.
Вкупниот буџет на проектот е 569.264 евра, од кои на Општина Битола и се доделени 197.530 евра.