- донесува Статут на општината,
- донесува Деловник на Советот,
- донесува Програма за работа,
- донесува Буџет на општината и завршна сметка на Буџетот,
- донесува Генерален урбанистички план,
- донесува детални урбанистички планови и урбанистичка документација за населените места во општината,
- донесува Програма за уредување на градежното земјиште,
- донесува Програма за изградба и одржување на локалните патишта,
- донесува Програма за јавно осветлување,
- донесува Програма за изградба, реконструкција и одржување на локалните водоводи,
- одобрува Програма за одржување на јавната чистота,
- одобрува Програма за одржување и користење на парковите и другите јавни површини од локално значење,
- одобрува програми од областа на заштитата на човековата средина,
- одобрува Програма за одржување на гробиштата,
- одобрува Програма за одржување и користење на коритата на реките,
- донесува Одлука за јавна чистота,
- определува имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти од локално значење,
- донесува Одлука за начинот на превозот во градскиот и приградскиот сообраќај,
- донесува Одлука за одржува њето и користењето на јавните пазаришта,
- донесува Одлука за одржување на гробиштата и начинот на користење,
- го уредува начинот на чистење на оџаците,
- го уредува одржувањето на јавниот простор за паркирање и начинот на негово користење,
- може да основа информативни гласила и одлучува за тоа,
- дава мислење при основање или укинување на основни училишта,
- делегира претставници во органита на управување на училиштата од основното образование и во установите од областа на културата, спортот, социјалната и детска заштита, предучилишното образование, здравствената заштита, заштитата на животните и билките и унапредување на животната средина,
- врши работи од областа на цивилната заштита,
- врши одделни овластувања во согласност со закон врз добрата од општа употреба и врз природните богатства на подрачјето на општината,
- основа управни и административни органи,
- основа инспекциски органи и служби,
- основа јавни служби, јавни установи и јавни претпријатија,
- именува и разрешува раководни органи на јавните служби, установите и претпријатијата што ги основа, на предлог на градоначалникот,
- врши надзор и контрола над работата на органите и службите, установите и претпријатијата што ги основа,
- избира и разрешува претседавач на Советот,
- избира и разрешува секретар на Советот,
- основа Комисија за работи од именување и разрешување на извршители на управните и административните работи во органите на општината,
- формира Надзорен одбор за вршење надзор над материјалното и финансиското работење во Општината, за што ќе биде надлежен,
- формира постојани и повремени работни тела,
- доделува општински признанија и награди,
- поднесува иницијативи за доделување, одликување и признанија,
- дава мислење по предлог законите што се однесуваат на Општината,
- врши и други работи.
|