ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА СЕ ВКЛУЧУВА ВО АКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ

ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА СЕ ВКЛУЧУВА ВО АКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ

Согласно препораките од Владата на Република Северна Македонија, утрешниот ден, сабота, 14.12.2019 како работен ден да се искористи за чистење, ЈП „Комуналец“ ќе биде носител на акцијата за чистење на три локации од страна на административните работници во Битола. Секоја институција, согласно местата кои што се дадени од страна на ЈП „Комуналец“, ќе ги распредели своите вработени лица.