ОПШТИНА БИТОЛА ПРОДОЛЖУВА СО ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ВО РАМКИ НА СВОЈАТА НАДЛЕЖНОСТ

ОПШТИНА БИТОЛА ПРОДОЛЖУВА СО ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ВО РАМКИ НА СВОЈАТА НАДЛЕЖНОСТ

Во Општина Битола, продолжува координацијата и постапувањето согласно заклучоците донесени од Владата на Република Северна Македонија.

На терен, веќе се врши дезинфекција во училиштата во Општина Битола, а ЈП Комуналец продолжува со чистење, метење, миење и прскање на улиците за дезинфекција.

Во текот на денешниот ден, Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, одржа состанок со првите луѓе на СВР Битола, претставници на јавните претпријатија, со дел од претставниците од Советот за превенција, претставен преку претставниците од верските заедници.

На состаноците се разговараше за состојбата и почитувањето на заклучоците од Владата на Република Северна Македонија, од страна на граѓаните во општина Битола, како и за соодветното постапување во изминатиот период. Констатирано е дека, согласно сите насоки од државните институции, но и правни субјекти кои се занимаваат со актуелната проблематика на пандемија на корона вирусот, се постапува соодветно, во однос на време, начин и место.

Сепак, Градоначалничката Петровска, апелира до своите сограѓани:

„Сите јавни институции и верски заедници, координирано и навремено да делуваат во рамки на својата надлежност. Верувајте, ништо не е толку делотворно колку редуцирањето на движењето.

Најдлабоко замолувам: Непотребно не излегувајте. Седете дома“, порачува Петровска.