Во насока на привлекување нови инвестиции, преку презентација на можностите за економски развој кои ги има општината, Битола е дел од саемот „Реал Експо“, кој се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. Делегацијата на општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, пред присутните инвеститори, изведувачи, технолошки компании и други експерти, ги претстави уловите кои ги има општината. Присутните гости и посетители, меѓу кои и Шеикот од Обединетите арапски емирати Мохамед бин Сакр Ал Касими како и премиерот на Кантонот Сараево Нихад Ук, имаа можност да добијат повеќе информации во делот на Индустриската зона Жабени, поранешната касарна, но и да се запознаат со големото културно наследство и условите за развој на туризмот.
Саемот „Реал Експо“, претставува вистинска можност за вмрежување и воспоставување контакти со потенцијални инвеститори во повеќе области.
Покрај Општина Битола, на саемот во Сараево, од македонските општини, присутни се и претставници на општините Гази Баба, Охрид, Ресен и Гевгелија.