ОПШТИНА БИТОЛА НА ВРВОТ НА РАНГ ЛИСТАТА ОД ОПШТИНИТЕ СПОРЕД АКТИВНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ

ОПШТИНА БИТОЛА НА ВРВОТ НА РАНГ ЛИСТАТА ОД ОПШТИНИТЕ СПОРЕД АКТИВНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ

Центарот за граѓански комуникации го објави редовниот годишен извештај за рангирањето на 98 институции во државата, според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување на информации од јавен карактер. Првите две места, со максимални 100% се на Министерството за одбрана и Владата. Општина Битола е прва од општините, на високото трето место,  со 97,1% во однос на активната транспарентност.

Во однос на активната транспарентност, со 73%, за разлика до минатата со 66% и со подобрување од 7 процентни поени, Пелагонискиот регион е на трета позиција.

Некогашниот лидер во регионот, Битола, повторно ја поврати својата прва позиција, а Битола годинава е прва и со високи 97,1 % е меѓу трите општини со највисока активна транспарентност во земјава.

Општина Битола континуирано работи на подобрување на пристапот до информациите за своите жители, преку објавувања на информациите на својата веб страница. Тука можат да се најдат сите потребни информации и документи. Во постапка е дигитализирање на услугите кои што ги дава локалната самоуправа, со цел поедноставување на постапките и постојана достапост за граѓаните.