ОПШТИНА БИТОЛА И УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“- БИТОЛA ОБЈАВУВААТ ПОВИК ЗА ПРОЕКТОТ УНИВЕРЗИТЕТСКА ЛЕТНА ПРАКСА

ОПШТИНА БИТОЛА И УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“- БИТОЛA ОБЈАВУВААТ ПОВИК ЗА ПРОЕКТОТ УНИВЕРЗИТЕТСКА ЛЕТНА ПРАКСА

Општина Битола, Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и Јавните претпријатија, Ве повикуваат да земете учество во Проектот  „Универзитетска Летна Пракса“ кој ќе се реализира преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење на УКЛО.

Целта на вака замислениот проект, е збогатување на практичните вештини на студентите. Со истиот, ќе бидат опфатени 40 студенти, кои практикантската работа ќе ја изведуваат во месеците jули, aвгуст и септември.

Секој од избраните студенти, ќе има можност да изведува практикантска работа во период од 1 календарски месец.

За реализација на практикантската работа, избраните студенти од општина Битола ќе добиваат месечен нето надомест во висина од 10.000,00 денари.

Критериумите кои треба да се исполнат се следни:

  • Да биде редовен студент
  • Во академската 2022/2023 година да има запишано V или VII семестар.
  • Остварениот просек на положените испити од последниот семестар да не биде понизок од 8.00
  • Да биде исполнителен и одговорен при реализацијата на практикантската работа.

Секој заинтересиран студент кој ги исполнува погоре наведените критериуми, треба да ги достави следнит документи :

  • CV (Europass)
  • Писмо за интерес /Мотивационо писмо
  • Потврда од факултет за запишан V или VII семестар
  • Потврда од факултет за постигнат успех во последниот сместар
  • Изјава своерачно потпишана дека ќе ги почитува правилата кои важат во институцијата и дека ќе се однесува совесно и одговорно.

Рокот за доставување на потребните документи е 12 април 2023 година до 16.00 часот.

Целокупната документација се доставува во електронска форма на следниот e-mail: univerzitetskapraksa@bitola.gov.mk