ОПШТИНА БИТОЛА И ГРАДОТ ИЗМИР ЌЕ ЈА ПРОШИРУВААТ СОРАБОТКАТА

ОПШТИНА БИТОЛА И ГРАДОТ ИЗМИР ЌЕ ЈА ПРОШИРУВААТ СОРАБОТКАТА

После збратимувањето на Средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов од Битола со училиштето „Мави Текник“ од Турција, делегација од Турција, ја посети општина Битола, каде имаше работна средба со градоначалничката м-р Наташа Петровска. На средбата, се разговараше за проширување на соработката во делот на образованието и со други училишта, како и воспоставување на економска соработка помеѓу општина Битола и градот Измир од Турција.