Со претставата „Кармен“ по мотиви од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, во Народниот театар во Битола синоќа беше отворен 22 -риот Интернационален феестивал на монодрама, во организација на Центарот за култура од Битола, со ограничен број на публика.
Во име на Општина Битола, која и годинава е еден од главните поддржувачи на фестивалот, се обрати Татјана Крнчева, советник во Советот на Општина Битола и претседател на комосијата за култура.
Во име на организаторот, директорката на Центарот за култура од Битола, Маја Андоновска – Илиевски, истакна дека гледачите, покрај актерите се тие, без кои не може да се случи овој фестивал на монодрамата. Свеченото затворање и прогласувањето на победниците, же биде на 27 јуни.