ОПШТИНА БИТОЛА И ГОДИНАВА СО ПОДДРШКА ЗА КОНЦЕРТИТЕ НА

ОПШТИНА БИТОЛА И ГОДИНАВА СО ПОДДРШКА ЗА КОНЦЕРТИТЕ НА

Пред одржувањето на втората концертна вечер во рамките на „Балкан Гала Фестивал“ на Камерниот оркестар на Битола, градоначалничката Наташа Петровска оствари средба со диригентот Владимир Димовски, дел од членовите на оркестарот, како и вечерашните гости во поп вечерта Хари Варешановиќ и Сергеј Четковиќ.

Градоначалничката Петровска посочи дека Општина Битола и оваа година финансиски го поддржа одржувањето на концертите на Камерниот оркестар на Битола, како еден од препознатливите музички брендови на градот.

Хари Варешановиќ евоцираше спомени за своите концертни искуства во Битола. Настапувал во Центарот за култура, во спортската сала, па и во ноќни клубови во градот, истакнувајќи дека секогаш со задоволство се враќа во градот на конзулите.

За Сеергеј Чеетковиќ, ова е прва средба со Битола, но не и последна како што рече самиот. Воодушевен е од градот, од убавините, од луѓето и храната. Сепак, за него најголемо задоволство е што вечерва ќе се сретне со битолската публика, за која знае дека има одличен и префинет вкус.

Трите фестивалски вечери се со различна содржина. На првата рок вечер, која се одржа на 07 јули на Ракометното игралиште, настапија голем број учесници, а специјални гости беа Дадо Топиќ и Аки Рахимовски.

Последната од фестивалските вечери, наречена електро симфони, ќе се одржи на 11 јули, со голем број изведувачи на електронската музиката.