ОПШТИНА БИТОЛА ЕДИНСТВЕН СОПСТВЕНИК НА РАКОМЕТНИОТ КЛУБ ПЕЛИСТЕР

ОПШТИНА БИТОЛА ЕДИНСТВЕН СОПСТВЕНИК НА РАКОМЕТНИОТ КЛУБ ПЕЛИСТЕР

Ракометниот клуб „ Пелистер “ од Битола, од неодамна стана акционерско друштво каде 100 процентен сопственик или акционер е општината Битола. Сите долгови кои РК  „Пелистер“ ги имаше,  општината ги подмири и со тоа како и досега останува целосно да го финансира клубот.

„Историски наназад, единствено и најмногу најголеми резултати во спортот имал РК „Пелистер“. Во изминатите години имаше повеќе обиди да се стимулира работењето на клубот, но за жал ветуваната поддршка до клубот не стигна до мера каква беше ветена. Клубот е во непријатна ситуација и затоа општина Битола одлучи да формира акционерско друштво чиј 100 процентен сопственик е општината“, истакна градоначалникот Талески.

Назначен  за координатор на клубот  е Стевче Стефановски истакнат поранешен ракометен голман и поранешен селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија.

„Почнуваме процес за трајна изградба на силен ракометен клуб. Првиот чекор е во насока на формирање на играчки кадар, формирање на пионерска, кадетска, младинска и сениорска екипа. Имаме нов управен одбор, а почнавме и со реконструкција на просториите кои клубот ќе ги користи во спортската сала „Младост“. Како координатор на клубот предност ќе дадам на домашните ракометари но ќе ангажираме и ракометари од странство со цел да создадеме силна екипа и да успее овој градски проект со кој ќе помогнеме на нашите деца да продолжат да го сакаат спортот.“ изјави Стефановски.

SONY DSC

SONY DSC