ОПШТИНА БИТОЛА ДЕЛ ОД „САЕМОТ НА КАРИЕРА“ НА ФИКТ

ОПШТИНА БИТОЛА ДЕЛ ОД „САЕМОТ НА КАРИЕРА“ НА ФИКТ

Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ), втора година по ред го организира „Саемот на кариера“, кој ја претставува и соработката на ФИКТ со приватниот, јавниот и невладиниот сектор составена од специфични активности коишто имаат образовна, практична и развојна димензија и се насочени кон промовирање на одржливо меѓусебно партнерство. ФИКТ е мост во создавањето на врска помеѓу стопанските и нестопанските субјекти, од една страна, и студентите, идните инженери од компјутерски науки и комуникациско инженерство, од друга страна. Токму ова е основната причина што ФИКТ по втор пат го организира овој Саем со надеж и верба под ист покрив истовремено да ги спои знаењето, искуството, младоста и желбата за напредок.
Дел од Саемот е и хакатонот насловен „Хакатон за паметна околина и паметни алатки“, каде годинава учествуваат и средношколци, како и панел дискусија на која се разгледуваат можностите за подобрување на инфраструктурата на ФИКТ.

„Интересот на компаниите преку свои штандови да бидат присутни на Факултетот за информатички и комуникациски технологии на „Саемот на кариера“(CAREER EXPO 2024) е поголем. Имаме повеќе компании, споредено со минатaта година, а исто така интересот на студентите и на матурантите како посетители на саемот е во поголем број, од причина што саемот претставува мост кој што ги вклучува трите клучни столба и за академијата, ние како факултет, како универзитет, бизнис секторот, ИТ и другите компании, во кои не може да се замисли да нема ИТ специјалисти и студенти кои што се во центарот на вниманието, на нашиот факултет и на нашиот Универзитет. Преку овој саем, студентите и компаниите стапуваат во разговори, вршат тестирање, интервјуирање и според ланското искуство, многу лесно студентите наоѓаат работа или практикантство во некоја од ИТ или другите компании“, изјави Проф. Д-р Благој Ристевски, Декан на ФИКТ.

На „Саемот на кариера“, со свој штанд учествуваше и општина Битола, на кој беа претставени дел од активностите кои ги работи општината за поддршка и поттик на младите за активно учество во заедницата. Градоначалникот Коњановски, нагласи дека на овој начин се поттикнува и зајакнува соработката на општината и универзитетот, во интерес на средношколците и студентите.

„Втора година по ред, радува фактот што има се повеќе учесници на овој саем и голем интерес за информатичката технологија. Како локална самоуправа, продолжуваме да ја негуваме добрата соработка со Универзитетот „Свети Климент Охридски“, а универзитетската летна пракса е еден од проектите кој заедно со ректорот го започнавме минатата година, а го реализираме во текот на летните месеци, кога и нас, на локалната самоуправа ни се најпотребни, но и тие да се уверат во она што го работи локалната самоуправа и јавните претпријатија. И оваа година, преку Програмата за млади и спорт имаме планирано 500.000 денари, а јавниот повик, ќе биде објавен веднаш по изборниот период и ако минатата година бројот на студенти кои ја завршија летната пракса беше 30, оваа година очекувам тој број да биде многу поголем“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

 

м тој број да