ОПШТИНА БИТОЛА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ

ОПШТИНА БИТОЛА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ

Со низа настани во кои се вклучени повеќе институции и организации, во Битола се одбележува Европската недела на мобилност, во чии рамки се промовира користењето на алтернативни видови на превоз, а пред се велосипедизмот и пешачењето. Во соработка со општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, општинскиот совет за превенција на детско престапништво, вклучување на учениците од битолските гимназии, но и со поддршка на останатите учесници, локалната самоуправа, ја потенцира својата активна заложба за подобрување на инфраструктурата и изградба на тротоари и велопатеки преку кои ќе се создадат потребните услови за поголемо користење на велосипед, но и зголемена безбедност за пешаците, како учесници во сообраќајот. Во оваа насока и со цел одржлива мобилност, градоначалникот Коњановски, нагласи дека општина Битола за првпат е проектно подготвена за изградба на тротоари и вело патеки во должина од над 5 километри.

„Општина Битола ги поддржува сите активности: на локалниот совет за безбедност во сообраќајот, советот за превенција од детско претстапништво, како и другите учесници во рамките на Европската недела на мобилност. Тука сме да дадеме поддршка на сите овие настани, затоа што Битола, навистина е желна за вакви настани и манифестации со кои ќе дадеме целосен придонес за безбедност во сообраќајот, поддршка за пешаците и велосипедистите. Во таа насока се и сите активности кои ги преземаме и како локална самоуправа и со проектот кој го предложивме до Советот на општина Битола за велосипедските патеки. И тоа не се само велосипедски патеки, туку и реконструкција на тротоарите. Тоа е во склоп на се она што градот го бара, зошто да напоменеме дека сите имавме иста заложба и во предизборието и сега, дека на градот му треба многу подобра организираност во делот на сообраќајот, се разбира во соработка со МВР, а со тоа да обезбедиме и простор за пешаците и велосипедистите,“ изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Активни учесници во одбележувањето на Европската недела на мобилност, се УКЛО и останатите соработници: СВР Битола, Народна техника Битола, ИМКА Битола, Велосипедски клуб Пелистер 15 МАЈ, Црвен крст Битола, Општинските совети: за безбедност на сообраќајот на патишта и за превенција од детско претстапништво, Националната мрежа за спорт и млади, во соработка со училишни сообраќајни единици од основци и средношколци од повеќе битолски училишта, потпомогнати од јавните претпријатија Стрежево и Комуналец. Меѓу поддржувачите и учесниците на настанот беа Македонско-Американската алумни асоцијација, Europe House Bitola Podcast Corner и Американското катче Битола.