ОПШТИНА БИТОЛА ГО ОДБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА ЗАШТИТНИКОТ НА ГРАДОТ „ПРЕПОДОБЕН СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ“ (17.12.2015)

ОПШТИНА БИТОЛА ГО ОДБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА ЗАШТИТНИКОТ НА ГРАДОТ „ПРЕПОДОБЕН СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ“ (17.12.2015)

По повод одбележувањето на денот на Свети Нектариј Битолски, светецот и заштитник на Битола – 18 декември, општина Битола во соработка со преспанско – пелагониската епархија и оваа година, организира Духовна академија во чест и слава на Преподобен Свети Нектариј Битолски.
Културно уметничката програма започнува денес во 18.00 часот во Народниот театар во Битола. Денот на заштитникот на градот, на сите граѓани на општина Битола ќе им го честитаат Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески и Митрополитот Преспанско – Пелагониски г.Петар. Оваа вечер, за животот и делото на свети Нектариј, за радоста и љубовта небесна што ја носел, ќе се запознаеме преку документарниот филм „Заштитник“, сниман и во Битола, но и во Света Гора, градината на Мајката Божја Богородица, каде нашиот Св.Нектариј ја извојувал најважната победа за секој човек, а тоа е победата над смртта. Програмата ќе биде збогатена и со песни во изведба на хоровите при храмот Пресвета Богородица: „Св. Нектариј Битолски“ и „Св.Макрина“.
Литургијата ќе се одржи утре во Црквата Свети Великомаченик Димитриј од 8.30 часот. Литијата низ битолските улици ќе започне во 10.30 часот.

SvNektarij2015