ОПШТИНА БИТОЛА ГИ ЗАВРШИ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА РАКОМЕТНИОТ СПЕКТАКЛ

ОПШТИНА БИТОЛА ГИ ЗАВРШИ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА РАКОМЕТНИОТ СПЕКТАКЛ

Општина Битола,заедно со јавните претпријатија и неколку компании помагатели, ги завршија сите подготовки во спортската сала „Боро Чурлевски“ пред престојниот натпревар на Македонската ракометна репрезентација со репрезентацијата на Турција.
Деновиве заврши поправката на инсталацијата, се изврши сервисирање на рефлекторите, се уредија соблекувалните и тоалетите, а поставена е и специјалната подлога на теренот.
По речиси 15 години, повторно во Битола, Македонската ракометна репрезентација на свој терен ќе одигра меѓународен натпревар, во храмот на ракометот, спортската сала „Боро Чурлевски“.