Општина Битола испрати известување за раскин на договорот до изведувачот МС КОНСТРУКТОР ДООЕЛ Битола, задолжен за реконструкција на коловоз и тротоари на ул. „Климент Охридски“.
Во известувањето за раскин на договорот од страна на општината, се наведува дека оваа мерка е превземена откако се пречекорени сите рокови за изведување на работите, предвидени во член 14 од Договорот за јавна набавка на работи склучен на 06.06.2017 година.
Пречекорувањето е утврдено од месечниот извештај и вториот вонреден извештај за технички надзор од Надзорниот орган. Во известувањето стои дека Општина Битола ќе ги превземе сите права и обврски кои што произлегуваат по раскинувањето на овој договор.