Во Народниот Театар – Битола, пред битолската публика во рамки на десеттото културно лето БИТ ФЕСТ 2015, се изведе оперскиот концерт на солисти од камерната опера „Кирил Македонски“
Солистката Маја Митровска се претстави со „Арија на Јана од операта „Гоце“ од Кирил Македонски. Биљана Талевска ги изведе делата на ариите Ката, Ангелина од операта „Гоце“ од Кирил Македонски, а крајот го круниса со аријата на Кунегомде од мјузиклот „Кандид“ на Леонард Бернстејн.
Кулминација на вечерта беше изведбата на Павлина Накова георгиев со аријата на Лејди Магбет од истоимениот „Магбет“ на Верди.
Младата пијанистка Горјана Стојановска ја отсвири Соната бр.5 од Скрјабин.