ОД ЧЕТВРТОК ЗАПОЧНУВААТ БУЏЕТСКИТЕ ФОРУМИ ЗА КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ ЗА 2025 ГОДИНА

ОД ЧЕТВРТОК ЗАПОЧНУВААТ БУЏЕТСКИТЕ ФОРУМИ ЗА КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ ЗА 2025 ГОДИНА

Општина Битола, започнува со одржување на четири форумски сесии низ кои локалната самоуправа заедно со граѓаните, ќе го креира општинскиот Буџет за 2025 година. Првата форумска сесија ќе се одржи на 24.10.2024 година во Офицерски дом со почеток во 11:00 часот. На форумските сесии се поканети сите претставници на месните и урбаните заедници, претставници од граѓански и спортски здруженија, како и сите граѓани кои имаат конструктивни предлози за нови проекти кои ќе започнат да се реализираат од 2025 година.

Целта на ваквиот пристап е овозможување на отворен и транспарентен процес, во креирањето на новите програми на општината и планирањето на инвестициите во општината.