ОД УТРЕ ЗАПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „НИКОЛА ТЕСЛА“

ОД УТРЕ ЗАПОЧНУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „НИКОЛА ТЕСЛА“

Од утре, Општина Битола, започнува со реализација на проектот за реконструкција на улицата „Никола Тесла“. Работните активности ќе се одвиваат на потегот од спојот со улица „Влатко Миленковски“ до Ленски мост. Согласно изготвената проектна документација и спроведените постапки, проектот вклучува целосна реконструкција на водоводна, канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување.

Додека траат градежните активности, сообраќајот ќе се одвива според одобрениот сообраќаен времен режим.