ОД ПРЕДВИДЕНИTE 64 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОТПЕЛИСТЕРИЕТО, РЕАЛИЗИРАНИ НАД 50%

ОД ПРЕДВИДЕНИTE 64 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОТПЕЛИСТЕРИЕТО, РЕАЛИЗИРАНИ НАД 50%

На денешната седница на Советот на Општина Битола, со ребалансот на буџетот, издвоени се 26.000.000 денари за реконструкција на патниот правец кон Трново и Магарево, проект од развојната програма на општината.

Ова е најновиот зафат во Потпелистерието, кој денес го промовираше градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска. Според проектот, ќе биде реконструиран патот од раскрсницата за село Ниже Поле, до училиштето во Трново, односно на потегот каде што веќе е изграден колекторскиот систем за прибирање на отпадните води.

„Што се однесува до она што ни се случува на Пелистер и сите чекори кои што се преземени, сакам да нагласам дека кон Потпелистерието беа насочени 64.000.000 денари, од кои што се реализирани 50% во колекторскиот систем и пречистителната станица и инфраструктурниот дел кој што е спроведен. Но она што промотивно сакам да го кажам е дека со денешниот ребаланс на буџет се обезбедени средства, за веќе реализираната градежна дозвола и техничка документација за патот од Црвени петли кон Трново и Магарево, со што ќе се подобри и патната инфраструктура, односно коловозот, како граѓаните би имале пристап кон планината. Политиките на оваа локална самоуправа беа согледани уште со нејзината прва одлука, при влезот во Националниот парк Пелистер Битолчани беа ослободени од плаќање, со директно давање на буџетски средства од страна на општината.  Она што следува е реалиација на патниот правец кон Дихово, каде што е издадена градаежната дозвола, а со ребалансот на буџетот обезбеден е делот кој што општината треба да го има како конфинансирачки дел. Ова покажува дека од подножјето на планината одиме нагоре кон подобрување на условите за користење на благодетите на нашата планина, со која сите можат да се гордеат. Одиме нагоре, а до каде ќе завршиме ќе покаже времето, но остануваме на тоа дека планината е на граѓаните, не е ничија приватна своина“, рече Петровска.

Градоначалничката Наташа Петровска, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски, директорот на ЦРППР Гого Видимче и претставници од Швајцарската агенција за развој и соработка, извршија увид на поставувањето на детските реквизити во Националниот парк „Пелистер“ кај месноста Голема Ливада, како и поставените детски реквизити во градскиот парк, проект реализиран преку Форум во заедниците, со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.