Со поддршка од Општина Битола и Комисијата за еднакви можности, а во организација на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ и во соработка со Мрежата за младинско зајакнување и здравје, во Офицерскиот дом, се одржа настанот „Грижа за себе – Образование и превенција на рак на дојка“.
Присутните на настанот ги поздравија градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска.
Предавачи на настанот беа д-р Михајло Вангелов, д – р Иле Кузмановски и д-р Весна Шикловска, кои говореа за ракот на дојката и потребата за борба против оваа болест.
Дел од присутните, споделија лични искуства, како и искуства на блиски членови на семејството кои успешно ја надминале болеста, благодарение на навремената интервенција од страна на здравствените професионалци.
Денешниот настан, организиран во месецот за борба против рак на дојката има за цел подигнување на јавната свест и значењето на навремената превенција.