ОДДАДЕНА ПОЧИТ ЗА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ КАЈ ГАЈРЕ

ОДДАДЕНА ПОЧИТ ЗА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ КАЈ ГАЈРЕ

Пред 22 години на денешен ден во близина на селото Гајре, загинаа Влатко Миленковски, Благојче Силјановски и Пеце Матичевски од Битола и Новаци, воени резервисти, припадници на баталјонот на Воената полиција од Битолскиот корпус во конфликтот од 2001 година.

Пред споменикот на загинатите бранители „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот кај поранешната касарна „Стив Наумов“, им беше оддадена почит на прерано загинатите бранители.

Во нивна чест, во име на општина Битола, на двете локации цвеќе положи заменик градоначалникот Бојан Бојковски, како и семејствата на загинатите, колегите, воени старешини, делегации од политичките парии, Сојузот на борци и други поединци и здруженија.

Организатор на комеморативните настани е Министерството за одбрана – Регионално одделение за одбрана Битола, кои покрај чествувањето на претходно споменатите локации, организираа полагање цвеќе на гробовите на загинатите во Битола и Новаци. Во текот на денот се одржува меморијалниот турнир во мал фудбал во спортската сала „Боро Чурлевски“, по што ќе бидат доделени дипломи и благодарници.