По повод големиот христијански празник Богојавление, централниот настан во Битола се одржа во Црквата Свети Великомаченик Димитриј. Со црковната богослужба чиноначалствуваше митрополитот преспанско пелагониски г. Петар, а градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски испрати честитки и желби за многу здравје, радост и среќа до сите православни христијани.
Честитајќи му и на најсреќниот Никола Свенчев кој годинава имаше среќа да го фати светиот крст на оваа традиционална манифестација, градоначалникот Коњановски го покани Свенчев во својот кабинет.
БОГ СЕ ЈАВИ! НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ!