ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ХРВАТСКАТА ДРЖАВНОСТ ВО БИТОЛА

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ХРВАТСКАТА ДРЖАВНОСТ ВО БИТОЛА

Годинава, во организација на хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“, повторно беше одбележан Денот на Хрватската државност со неколку настани, откако минатата година, поради ковид пандемијата, не се одбележа овој датум.

Во малата сала на Центарот за култура, со неколку активности, беше одбележан овој значаен датум за Хрватите, во присуство на амбасадорката на Република Хрватска, н.е. Нивес Тигањ, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузмановски, претставик на Опптина Солин од Хрватска, членови на хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“ и други гости.

Градоначалничката Наташа Петровска го честита празникот по повод Државноста на Хрватска и посака идната година да продолжи старата традиција на одбележување, со многи гости, контакти и други средби.

Во име на домаќинот, пред присутните се обрати координаторот на центарот „Марко Марулиќ“,Бранко Маретиќ. Амбасадорката Тигањ во своето обраќање, покрај честитката се заблагодари на гостопримството во Битола од страна на сите кои ја организираат оваа прослава, а свое обраќање имапе и директорката на Центарот за култура во Битола Маја Андоновска Илијевски.

Покрај културната програма, Бранко Маретиќ и претставник на градот Солин доделија благодарници и статуетки на Солин на хрватската амбасадорка Тигањ, градоначалничката Петровска и директорката Андоновска Илиевски.