По повод Денот на руската дипломатија, традиционалниот настан се одржа пред споменикот „Руски крст“ во Битола.
Согласно мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19, цвеќе положија амбасадорот на Руската федерадија во земјава н.е. Сергеј Баздникин, градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, претставници на Почесниот конзулат во Битола, Славјанскиот универзитет, Лук Оил, Здружението за македонско-руско пријателство и други лица.
Настанот се одржа во организација на Амбасадата на Руската федерација во Република Северна Македонија и Почесниот конзулат во Битола пред споменикот „Руски крст“, кој се наоѓа во близина на местото каде што бил убиен рускиот императорски конзул Александар Ростковски пред 118 години.