ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА РУСКАТА ДИПЛОМАТИЈА

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА РУСКАТА ДИПЛОМАТИЈА

Руската Амбасада во Република Македонија, традиционално и годинава, централниот настан по повод одбележувањето на Денот на руската дипломатија, го организира во Битола, пред споменикот „Руски крст“, којшто е подигнат во градот во чест на рускиот императорски конзул Александар Ростковски, кој е убиен во Битола, пред 115 години, кога ја исполнувал својата дипломатска должност во Македонија.
Амбасадата на Русија во Македонија, Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола, претставници на дипломатскиот кор во земјава, Советот на Општина Битола, почесните конзули и граѓани почитувачи на делото, денес пред споменикот кој се наоѓа во близина на местото каде што бил убиен овој голем руски дипломат, положија свежо цвеќе, а пред присутните свое обраќање имаше Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак.