ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА

Во Битола денес беше одбележан 7 Мај – Денот на македонската полиција. По тој повод, заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски, делегација од Советот на општината, заедно со претставници на СВР Битола, положија свежо цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на полициските сили, во дворот на СВР Битола и на споменикот „Ангел“ во паркот кај Саат кулата.