Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола и пред споменикот на „Ангел“ кај Саат кулата во Битола, денес се одбележаа 20 години од масакрот кај Вејце, во кој што во заседа беа нападнати и масакрирани осум припадници на Посебната единица при СВР Битола и припадници на армиската единица “Волци“, од кои четворица од Битола и битолско.
Изразувајќи им почит, во нивни вечен помен, свежо цвеќе положија заменик градоначалничката Емилија Костурски, претставници на Советот на Општина Битола, припадници на полицијата, на посебните специјални единици, семејствата на загинатите, претставници на околните општини Могила и Новаци, како и други лица.
На денешен ден во заседа кај тетовско Вејце од битолскиот регион загинаа Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски.