Во НУ Завод и музеј Битола на посебна свеченост се одбележа 122 годишнината од дипломирањето на основоположникот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк во битолската воена гимназија.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска присуствуваше на свеченоста, на која се обрати и амбасадорот на Република Турција во земјава, н.е. Хасан Мехмед Секизќок. На манифестацијата присуствуваа и претседателот на Уставниот суд Сали Мурати, заменик министерот за одбрана Башким Хасани, делегација на Генералштабот на Република Турција и Генералштабот на АРМ, воени аташеа и други гости.
Уште еднаш, на оваа свеченост беше потенцирана Битола како град, посебно значаен во развојот на личноста на Мустафа Кемал Ататурк. Битолската воена гимназија каде што се школувал Мустафа Кемал Ататурк е образовна институција во која го започнал процесот на формирањето на својата интелектуална свест под водство на успешните и познати педагози од тоа време.