Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општината на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2021 година.
Право на учество на повикот ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории како и другите правни и физички лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа во Општина Битола.
Финансиската поддршка согласно програма за активностите во областа на спортот и младите во Општина Битола изнесува 1.500.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 500.000,00 денари за индивидуални спортисти.
Рокот за поднесување на пријавите почна денес 22.06.2021 година и ќе трае заклучно со 06.07.2021.
Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одобрува висината на финансиската поддршка.
Начинот на пријавување, условите и потребната документација се објавени на веб страната на Општина Битола.