Општина Битола го објави јавниот повик за доставување на предлог програми и проекти за Програма за активностите од областа на спортот и младите во Општината Битола за 2023 година.
Општината ќе ги поддржи манифестациите, програмите и проектите кои се во насока на развој, популаризација на спортот и учество на младите во достојно репрезентатирање на можностите и потенцијалите на општината. Предлог активностите кои се предвидени во програмата се поделени во 5 основни ставки чиј содржински концепт ќе биде во следниве области:
- Поддршка и унапредување на спортот, спортските клубови/здруженија и индивидуални спортисти кои егзистираат на подрачјето на Општина Битола
- Поддршка и развој на училишен спорт со реализирање на спортски активности и систем на натпревари на учениците
- Поддршка на рекреативни активности на граѓаните и рекреативни активности на лица со посебни потреби
- Поддршка на традиционални манифестации, хуманитарни манифестации и манифестации од особен интерес на општина Битола
- Поддршка на дополнителни програми и проекти на останати спортски организации и спортски друштва кои се од интерес на Општина Битола
Повеќе детали за јавниот повик може да најдете на следниот линк: