Општина Битола, денес го објави јавниот повик за доставување на предлог проекти за активности од областа на културата за 2023 година. Јавниот повик ќе трае до 21.11.2022 до 15.30 часот, а доставените апликации ќе претставуваат основа за креирање на Програмата за култура и планирање на Буџетот за оваа намена за идната година.
Со ваквиот пристап, ќе се овозможи навремена изработка на програмите за одредени настани и манифестации, информирање на јавноста за нивното одржување, а со тоа се создава и можност за поголема промоција со цел поттикнување и поддршка на развојот на културниот туризмот и организирање на туристички посети на Битола.
Овој начин на креирање на годишната програма, општината го воведува првпат, а потребата за истиот, произлезе по спроведената анкета од страна локалната самоуправа, со која се испитуваше јавното мислење за културните содржини кои треба да се одржуваат во Битола.
На јавно објавената анкета, одговорија 149 граѓани, од кои 143, изразија задоволство од организацијата и настаните на изминатото културно лето и побараа, повеќе културни содржини од различни области, како и поголема промоција на истите. Сите доставени предлози и сугестии од граѓаните ќе бидат земени предвид при изработката за годишната програма за култура.
Јавниот повик е достапен на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-kultura-2023/
Во прилог фотографии од спроведената анкета.