На веб страната на Општина Битола на овој линк , објавен е распоредот за тестирање на кандидатите пријавени на јавниот конкурс за ангажирање на реонски попишувачи и реонски инструктори за пописниот реон број 20 кој ги опфаќа општините Битола, Могила и Новаци.
Тестирањето ќе се спроведе утре 11.03.2021 во СОЕУ „Јане Сандански“ и Гимназијата “Јосип Броз Тито“.
Распоредот за тестирање е направен согласно протоколот на Министерството за здравство, а кандидатите задолжително на себе треба да носат заштитна маска КН 95 и на тестирање да дојдат во утврдениот термин.
Согласно условите во јавниот конкурс, кандидатите кои не ја испратиле потребната документација по пошта до Државниот завод за статистика, истата треба да ја донесат утре – на денот на закажаното тестирање, во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.