ОБУКА ОД ИЗИИС ЗА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ОПШТИНИТЕ БИТОЛА, НОВАЦИ И МОГИЛА

ОБУКА ОД ИЗИИС ЗА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ОПШТИНИТЕ БИТОЛА, НОВАЦИ И МОГИЛА

Во врска со подготовката за вршење категоризација на оштетувања на објекти во Пелагонискиот регион, претставници од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, денес во oпштина Битола, одржаа обука за дел од вработените во општините Битола, Новаци и Могила. Обуката се организира, после завршувањето на рокот по јавниот повик за достава на барања за проценка на штети од земјотресот, на кој во општина Битола беа поднесени 2677 барања. Денешната обука е дел од подготовките за одлучување по барањата, што ќе биде спроведено од страна на стручни комисии.