ДРЖАВНИ ВИСОКИ ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ
УНИВЕРЗИТЕТ „Св.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“- БИТОЛА
Адреса: Булевар 1-ви Мај бб. п.фах.100
Битола 7000
Телефони: 047 – 223 788
047 – 223 192
Е-пошта rektorat@uklo.edu.mk
Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола, познат со акронимот УКЛО, е вториот државен Универзитет во Република Македонија, најзначајна установа од областа на високото образование во Регионот на Југозападна Македонија. Специфичната хетерогена, образовна понуда на Универзитетот којашто покрива најразлични научни дисциплини и едуцира профили компатибилни со барањата на актуелниот пазар на трудот е претставена со 42 студиски програми за I циклус студии додипломски, 81 за II циклус студии последипломски од кои 18 специјалистички и 15 студиски програми за III циклус студии докторски распределени на 12-те единици: десет факултети, една висока стручна школа и Научниот институт за тутун. Во составот на УКЛО со статус на придружни членки се и две научно – истражувачки единици единствени од ваков вид во државата, Универзитетска библиотека и Студентски дом.
Нашиот Универзитет зазема специфична позиција во однос на останатите Универзитети во земјата. Седиштето на Универзитетот е во Битола www.bitola.gov.mk , а високообразовните и научно – истражувачките единици во неговиот состав и дисперзираните студии сместени се во повеќе центри : Битола, Прилеп, Охрид, Скопје, Велес, Кичево и Струга.
Она што е заедничко во ваквото плуралистичко опкружување е посветеноста во едукацијата на младите , дефинирана во мисијата и визијата на Универзитетот.
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, годишно, во просек, привлекува околу 3000 нови студенти, а вкупниот број на студенти, во последниов период непрекинато се движи околу 12000 студенти.
Триесетипет годишниот континуиран развој на УКЛО опишан на страниците за неговиот историјат претставува постојана потрага по сопствениот специфичен идентитет којшто, на почетокот на ова столетие, се афирмира низ синтагмата: ОТВОРЕН, ФЛЕКСИБИЛЕН, ИНТЕГРИРАН ВО ОПКРУЖУВАЊЕТО, АКТИВЕН ПАРТНЕР ВО ОПШТЕСТВЕНО ЕКОНОМСКИТЕ ПРОЦЕСИ, ПОДГОТВЕН ДА СЕ СООЧИ СО НОВИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО И НАУКАТА ВО ЕДНА МЕЃУНАРОДНА ПЕРСПЕКТИВА.
Токму заради фактот што регионално, на оваа високообразовна установа и припаѓа водечката улога во академскиот и научниот свет, за УКЛО, клучни зборови во водењето на универзитетската политика и стратегија се: современи, флексибилни студиски програми, транспарентна организациона структура (организациона шема, динамичен менаџмент на човечките ресурси, активна политика на интегрирање во опкружувањто на Универзитетот, креирање на силни релации Универзитет:стопанство, поддршка на нови иницијативи, акцент врз интернационализацијата меѓународна соработка спроведување на култура на квалитет во сите сфери од универзитетското делување.
ЕДИНИЦИ
ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ – ПРИЛЕП
Во 1977 година, постојната Висока економска школа – Прилеп(1960) се трансформира во Економски факултет, којшто беше еден од потписниците на актот за основање на УКЛО во 1979 година.На Економскиот факултет се реализира наставнообразовен процес на повеќе акредитирани програми.
Контакти:
Економски факултет
Марксова б.б. Прилеп
Тел: + 389 (0)48 427 020
Факс: + 389 (0)48 426 927
Web page: www.eccfp.uklo.edu.mk
ФАКУЛТЕТ ЗА БИОТЕХНИЧКИ НАУКИ – БИТОЛА
Оваа високообразовна установа е во состав на Универзитетот од неговото основање, но со статус Виша земјоделска школа. Таа е една од најстарите високообразовни установи во Југозападниот регион на Република Македонија, формирана во 1960 година, на која се профилираа кадри од земјоделско-сточарска област. Во 1999 година како резултат на еден Заеднички европски проект, постојната Виша школа прераснува во Факултет за биотехнички науки каде што до денес се остварува образование на повеќе студиски програми.
Контакти:
Факултет за биотехнички науки
Партизанска б.б.Битола
Тел: + 389 (0)47 238 276
Факс: + 389 (0)47 226 220
Web page: www.fbn.uklo.edu.mk
ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА
Техничкиот факултет е основан во 1977 година со трансформацијата на дотогашната Висока техничка школа (1961). Влегува во состав на УКЛО од неговото основање во 1979 година.Техничкиот факултет реализира наставнообразовен процес во повеќе образовнонаучни области и студиски програми.
Контакти:
Технички факултет
Иво Лола Рибар б.б.7000 – Битола
Тел:+ 389 (0)47 207 701
+ 389 (0)47 207 741
+ 389 (0)47 207 740
Факс: + 389 (0)47 203 370
Web page: www.tfb.uklo.edu.mk
ПЕДАГОШКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА
Педагошкиот факултет во Битола е високообразовна установа формирана во 1977 година низ процесот на трансформација на постојната Педагошка академија, чија дејност се остваруваше од 1964 година.
Контакти:
Педагошки факултет
Васко Карангелевски б.б.Битола
Тел: + 389 (0)47 253 652
+ 389 (0)47 253 694
Факс: + 389 (0)47 203 385
Web page: www.pftb.edu.mk
ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО – ОХРИД
Факултетот за туризам и угостителство е високообразовна установа единствена од овој вид во дражавата, основана во 1977 година. Овој факултет ја продолжува образовната традиција од претходно постоечката Виша туристичка школа во Охрид, а со новите трендови во високото образование во 70-те години од минатиот век се трансформира во респектабилна високообразовна единица што е во состав на Универзитетот од неговото основање.
Контакти:
Факултет за туризам и угостителство
Кеј Маршал Тито бр.95
Охрид
Тел: + 389 (0)46 262 147
+ 389 (0)46 264 215
Факс: + 389 (0)46 262 281
Web page: www.ftu.uklo.edu.mk
ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ – СКОПЈЕ
Факултетот за безбедност – Скопје е формиран во 1977 г. во состав на Центарот за образование на кадри за безбедност и општествена самозаштита. Во 2003 година се возобнови како Полициска академија и стана рамноправна членка на УКЛО. По трансформацијата во 2008 година, Факултетот за безбедност функционира како правен наследник на Полициската академија и претставува единица на УКЛО. Неговата специфика е едукацијата на студентите во областа на безбедноста.
Контакти:
Факултет за безбедност
Идризово б.б.Скопје
Тел: + 389 (0)2 2546 200
Факс: + 389 (0)2 2546 211
Web page: www.fb.uklo.edu.mk
ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ – КИЧЕВО
Оваа високообразовна единица влегува во составот на УКЛО од академската 2008/2009 година кога се запишува и првата генерација студенти кои своето студирање го реализират во Кичево, каде е седиштето на Факултетот или во Битола на дисперзираните студии.
Контакти:
Правен Факултет
Александар Македонски 72 Кичево
Тел: + 389 (0)45 220 267
Факс:+ 389 (0)45 220 267
Web page: www.pfk.uklo.edu.mk
ТЕХНОЛОШКO-ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – ВЕЛЕС
Оваа високообразовна установа, исто така, започна да функционира со почетокот на акдемската 2008/2009 година. Седиштето на Факултетот е во Велес.
Контакти:
Технолошко-технички Факултет
Петре Прличко 42 Велес
Тел: + 389 (0)43 211 202
Факс: + 389 (0)43 211 204
Web page: www.ttfv.uklo.edu.mk
ВИСОКА МЕДИЦИНСКА ШКОЛА – БИТОЛА
Во 1988 година новоформираната Виша медицинска школа во Битола стана членка на УКЛО. Како единствена високообразовна установа за виши медицински сестри, со донесувањето на Законот за високо образование (2000), прераснува во Висока медицинска школа.
Контакти:
Висока медицинска школа
Клиничка болница
Партизанска б.б..Битола
Тел: + 389 (0)47 253 268
Факс: + 389 (0)47 258 311
Web page: www.vmsb.uklo.edu.mk
ВЕТЕРИНАРЕН ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА
Ветернираниот факултет во Битола започна со работа во академската 2009/2010 и е една од поновите едниници во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Кандидатите заинтересирани да студираат на овај факултет можат да го направат тоа на насоката за ветеринарна медицина.
Контакти:
Ветеринарен Факултет – Битола
Прилепска б.б Битола
Тел: + 389 (0)47 228 899
Факс: + 389 (0)47 228 899
Web page: www.vfb.uklo.edu.mk
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ – БИТОЛА
Оваа единица на Универзитетот е најнова во неговиот состав и е формирана во 2014 година, врз основа на Закон за основање Факултет за информатички и комуникациски технологии во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (Сл. весник бр. 187/30.12.2013). Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола во себе ги инкорпорира студиските програми од научните полиња на информатика и компјутерска техника и информатика на Техничкиот факултет и на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи, којшто со основањето на Факултетот за информатички и комуникациски технологии престана да функционира.
Контакти:
Факултет за информатички и комуникациски технологии
Партизанска б.б.Битола
Web page: www.fikt.uklo.edu.mk
НАУЧЕН ИНСТИТУТ ЗА ТУТУН – ПРИЛЕП
Најстарата научна установа на Универзитетот и единствената од овој вид во Република Македонија, Институтот за тутун во Прилеп, е основана уште во 1924 година и тоа како прва организирана научно-истражувачка единица во земјата. Со основањето на Универзитетот, Институтот станува негова членка од редот на научно-истражувачките установи.Научно-истражувачка дејност се остварува преку следниве одделенија:- Одделение за генетика, селекција и семеконтрола;- Одделение за агротехника на тутунот;- Одделение за заштита на тутунот од болести,штетници и плевели;- Одделение за технологија, ферментација и фабрикација;- Одделение за хемија на тутунот, тутунскиот чад, резидуи од пестициди и биохемија и- Одделение за економско планирање и програмирање
Контакт:
„Кичевска” б.б.
Прилеп
Тел: + 389 (0) 48 412 760
Факс: + 389 (0) 48 412 763
Web page : www.tip.edu.mk
ПРИВАТНИ ВИСОКИ ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУЦИИ
МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ „ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН “ –ОФИЦИЈАЛЕН РУСКИ ПАРТНЕРСКИ УНИВЕРЗИТЕТ
Адреса: Кампус Битола
Новачки пат бр.16
7000 Битола
Телефони: + 389 47 222 503
+389 47 238 077
Е-пошта info@msu.edu.mk www.msu.edu.mk
Адреса: Кампус Свети Николе
Маршал Тито бр.7
2220 Свети Николе
Телефони: + 389 32 440 330
+389 32 440 202
Е-пошта info@msu.edu.mk www.msu.edu.mk
Денес Меѓународниот Славјански Универзитет (МСУ) „Гаврило Романович Державин“ располага со два кампуси во Свети Николе и Битола и е втор дом на повеќе од 2000 студенти.
Официјален руски партнерски универзитет
Ние сме еден од првите приватни универзитети во Република Македонија и нашиот универзитет има развиено силна соработка Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од градот Тамбов, Руска Федерација. Нашата соработка се одвива преку размени во научната, наставната и студентската сфера, заедничка организација на конференции, обуки итн.
Живејте ја Вашата визија
Уште од основањето на универзитетот ние сме тука за нашите студенти. Ќе Ви помогнеме да ги откриете Вашите интереси, да ги развиете сопствените таленти, да совладате клучни вештини. Ние ќе Ви помогнеме да ја живеете својата визија.
Тука сме за Вас
Нашиот Центар за кариера ќе се погрижи за да Ве насочи кон Вашата идна професија и ќе Ви дава безрезервна поддршка во текот на студирањето.
Ние ќе бидеме Вашиот втор дом
Ние сме отворени за сите – посетете нè, прошетајте низ нашите кампуси и на секој чекор ќе пронајдете активности во кои ќе се препознаете себеси. Кај нас има простор за учење, дружење, соработка… Во текот на студирањето овие места ќе бидат Вашиот втор дом.
За одржување на наставата Ви ставаме на располагање простории од над 6500 m2 во Свети Николе и Битола.
Во рамките на овие простории се опфатени конференциски сали, амфитеатар, предавални, простории за практична работа, лаборатории, работилници, простории за вежби, комплетно опремена библиотека со читална, ресторан, студентско бифе, книжарници итн.
Ве охрабруваме да бидете дел од нешто поголемо
Ние ги охрабруваме нашите студенти активно да се вклучуваат во работата на универзитетот, па така, преку Студентскиот сојуз, можете да бидете дел од организацијата на разни културни настани, конференции, семинари, хуманитарни акции, студентски размени…
Професорите се Ваши колеги и пријатели
Нашиот професорски кадар е секогаш е позитивно, професионално и пријателски расположен за работа со студентите. Тие се секогаш достапни и студентот добива пристап до нивни податоци за контакт (телефон и меил) заедно со корисничката сметка на Е-учење.
ЕДИНИЦИ
ФАКУЛТЕТ ЗА ЕКОНОМИЈА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО
Факултетот за економија и организација на претприемништвото при Меѓународниот Славјански Универзитет ви нуди можност да учите од најдобрите професионалци од областа на економијата и менаџментот. Ќе се стекнете со непроценливи знаења и вештини кои несомнено ќе ве направат економисти подготвени да се соочат со предизвиците на денешното живеење.
Нашите студиски програми за додипломски и последипломски студии опфаќаат голем број предмети кои се изучуваат на светски познати универзитети. Вежбите и работилниците кои ги вклучуваме како дополнителни активности на практичен начин им го приближуваат менаџерскиот свет на нашите студенти.
Предметите од областа на економијата ќе ви покажат дека сè се врти околу изборот – од одлуките кои ги правиме како поединци, до комплексните структури креирани од компаниите и владите.
Предметите од областа на менаџментот ќе ве научат колку е важен човечкиот фактор во структурата, обликот и културата на организациите. Исто така ќе научите дека менаџерот за да може правилно да ја работи својата работа ќе мора да научи да слуша и гледа повнимателно и подалеку од очигледното.
ФАКУЛТЕТ ЗА ПСИХОЛОГИЈА
Факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“- Свети Николе – Битола Ви нуди можност да учите од најдобрите професионалци од областа на психологијата. Ќе се стекнете со непроценливи знаења и вештини кои несомнено ќе ве направат психолози спремни да се соочат со предизвиците на денешното живеење.
Факултетот за психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“- Свети Николе – Битола Ви нуди не само теоретска подготовка, туку и практична настава која задолжително се реализира во текот на студиската година во сите институции во кои психолозите работат: во училишта, центри за ментално здравје, клиники, центри за социјална работа и многу други институции.
На факултетот исто така се организираат и многу семинари, работилници и настани со надворешни соработници и истакнати експерти од праксата, што е од непроценливо значење за нашите студенти, кои имаат единствена можност да учествуваат на нив.
ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИКА
Факултетот за информатика кој е во состав на МСУ од 2011-та година е втор дом на бројни млади информатичари кои направија избор своите знаења да ги унапредуваат и надоградуваат на Славјански. Нашиот факултет нуди две насоки на додипломските студии по информатика. Студиите се со времетраење од три години (180 ЕКТС).
Во текот на студирањето, на студентите им се задаваат задачи (или помали проекти) од изучениот материјал кои треба да ги изработат самостојно и да ги презентираат на часовите. Токму самостојната работа на овие задачи открива на какви проблеми може да се наиде при креирање на компјутерски програми. Така, студентите заедно со професорот ги разгледуваат опциите зошто една програма функционира, а друга не. На овој начин нашите студенти побрзо го совладуваат предвидениот материјал и покажуваат добри резултати во студирањето.
ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСНО ИНЖЕНЕРСТВО
Факултет за безбедносно инженерство е еден од помладите факултети на МСУ и нуди две насоки на додипломските и последипломските студии.
Факултетот како прв и единствен од ваков вид во Република Македонија овозможува едукација на стручни лица за безбедност и здравје при работа како и безбедност од пожари, со цел поефикасно и поуспешно имплементирање на европското законодавство, во областа на безбедноста и здравјето на работниците при работа.
Под безбедност при работа се подразбира превентивно применување на одредени мерки и прописи што се однесуваат на безбедноста на човековото здравје во работната средина. На овој факултет ќе научите кои се можните опасности по човековото здравје во одредени средини, како се препознаваат и како се елиминираат.
Безбедноста од пожар се однесува на заштитата во случај на пожар, инструментите и апаратите за безбедно гаснење, тактиката за интервенции и спасување, а пред се спречување на негово настанување.
ФАКУЛТЕТ ЗА ПРАВНИ НАУКИ
Ова е прв факултет за правни науки во државата со акредитирани програми согласно најновите измени на Законот за високо образование. Иако најмлад член на нашата фамилија факултети, факултетот за правни науки има е потпишано договори за соработка и пракса со Уставниот суд на Република Македонија, со Комората на извршители на Република Македонија и со Комората на нотари на Република Македонија, а во подготовка се договори за соработка со многу други државни институции.
Тој претставува факултет во кој работат квалитетни кадри по претпознатлива наставна програма надополнета со квалитетна клиничка настава, односно практично надополнување на теоретското знаење. Овде наставниот и соработничкиот кадар, составен од млади ентузијасти и искусни стручни работници, им стои на располагање на студентите во секое време.
БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ БАС
Приватната самостојна високообразовна установа Висока стручна школа Бизнис академија Смилевски, повеќе од 10 години нуди високо образование во областа на оперативниот и стратегискиот менаџмент за граѓаните од оваа општина.
Контакт информации:
Бизнис академија Смилевски – БАС
Седиште: Бул. Јане Сандански бр. 111/2, Скопје
Одделение за дисперзирани студии: ул. Херцег Нови бр.6, Битола
Телефон за контакт: Скопје – 02/2455-754 и Битола – 047/225-218
Интернет страница: www.bas.edu.mk
Контакт е-mail: bas@bas.edu.mk
Основни информации за БАС:
Бизнис академија Смилевски – БАС е приватна самостојна високообразовна установа Висока стручна школа која веќе 10 години нуди акредитирани професионални студии по Оперативен менаџмент на прв циклус на студии и Стратегиски менаџмент на втор циклус на студии.
Академијата е посветена на креирање на квалитетна средина за стекнување на знаења и развивање на вештини на студентите и интересентите од областа на професионалниот менаџмент. Академијата користи сопствена методологија на настава која овозможува голема интеракција помеѓу учесниците во наставниот процес, можност за искуствено учење, експериментирање и забрзано стекнување на компетенции за менаџерски позиции, како и можност за далечинско учење. Во склоп на тоа овозможува и практична примена на знаењето преку континуирана теренска студентска практика за редовните студенти преку која се влијае и врз можноста за вработување на истите студенти.
На академијата има можност за запишување на редовни, вонредни студенти, студенти со трансфер на кредити, студенти кои ќе студираат на далична и сл.
Информации за студиските програми:
Прв циклус на студии: ДИПЛОМИРАН ОПЕРАТИВЕН МЕНАЏЕР
Студиската програма на прв циклус на студии е по Оперативен менаџмент. Оваа програма е со тригодишно времетраење и по нејзиното завршување се стекнуваат 180 ЕКТС. Студентите кои ќе студираат на оваа студиска програма ќе се стекнат со професионални компетенции за менаџерски позиции од прво и второ ниво на менаџмент – супервизори/ надзорници, раководители. На оваа студиска програма се нудат посебни програмски модули за претприемачи, комерцијалисти, естрадни и спортски менаџери и деловни секретари.
Втор циклус на студии: МБА СПЕЦИЈАЛИСТ ПО СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ
Студиската програма на втор циклус на студии е по Стратегиски менаџмент. Овие студии се практично базирани интензивни едногодишни или двегодишни постдипломски студии со фокус на активно групно учење преку дискусии и размена на искуства од справувањето со стратешки организациски предизвици. Студентите кои ќе студираат на оваа студиска програма ќе се стекнат со менаџерски компетенции за водење на бизнис, компетенции за генерални и извршни менаџери. На оваа студиска програма се нудат посебни програмски модули за менаџерско консултантство, стратегиско водство, менаџмент на големи настани, менаџмент во културата, проектен менаџмент и менаџмент на човечки ресурси.