Јавното претпријатие за паркирање, продолжува со обележување на пешачките премини на повеќе сообраќајници во градот. Бележењето со пластична маса, вчера покрај во текот на денот продолжи и во вечерните часови на улицата „Димитар Илиевски Мурато“, а се работеше и кај Камен мост и на други локации. Ваквиот начин на работа има за цел да обезбеди поголема трајност на обележаната хоризонтална сигнализација, а со тоа да придонесе и за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2024/05/IVK_7200-783x522.jpg)