НОВ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ЈАДРО ВО БИТОЛА

НОВ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ЈАДРО ВО БИТОЛА

Општина Битола заврши со реализацијата на проектот за промена на режимот на сообраќај во централното градско јадро, согласно основниот сообраќаен проект за режим на сообраќај во централното градско јадро.

Сообраќајните знаци се поставени и воспоставен е режим на сообраќај согласно предвидениот проект за кој неодамна ја информиравме јавноста, а деталите се достапни и на веб страницата на Општина Битола www.bitola.gov.mk.

Напоменуваме дека, на улицата Кузман Јосифовски, заради изведување на градежни активности – реконструкција на комплетна инфраструктура, воспоставен е времен режим на сообраќај, согласно поставената сигнализација.

Режим-на-сообраќај-централно-градско-подрачје

Одлука