НОВ КОЛОВОЗ НА УЛИЦАТА „НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ“

НОВ КОЛОВОЗ НА УЛИЦАТА „НАУМ НАУМОВСКИ БОРЧЕ“

Со денешните активности, завршува реализацијата на уште еден проект кој се однесува на подобрување на патната инфраструктура во општина Битола. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на работните активности на улицата „Наум Наумовски Борче“, каде во тек беше асфалтирањето на улицата. Реконструктивните зафати на оваа улица се реализираа во должина од 373 метри.