Општина Битола во својот возен парк е побогата за уште едно транспортно возило-минибус, овој пат наменето за лицата со попречености. Преку проектот Зајакнување на општинските совети, по реализираните 4 форумски сесии со граѓаните, како еден од најприоритетните проекти беше изгласана набавката за возило, пролагодено на лица со попречености.
„Политиките на оваа локална самоуправа и мене како градоначалник, се во постојан континуитет на подобрување на услугите кон сите граѓани. Во нашите програмски определби стоеше – општина отворена за сите, за подобро услови, за поубав живот за сите. Денес промовираме нова набавка на возило, кое што е во услуга на граѓаните со различни потешкотии, а кои што во минатото имале реални проблеми со траснпортот. Во градот функционира Дневниот центар за лица со потешкотии, па возилото ќе биде наменето за лицата кои тука престојуваат, но и за сите граѓани со потешкотии, кои што ќе имаат потреба за мобилност. Ние сме првата општина која го отвори Регионалниот центар за слепи лица, во кој учествуваат и општините Демир Хисар, Ресен, Новаци и Могила. Општината изврши низа инфраструктурни зафати со кои што ги подобри услугите кон граѓаните со потешкотии во мобилноста во зградата, дури и вработи лице кое што има потешкотии во мобилноста. На овој начин, покажуваме дека нема крај на тоа како можете да ги подобрувате услугите на граѓаните, независно од која категорија се. Посакувам побрзо да излеземе од здравствената криза за да може да се искористат и овие придобивки“, рече Петровска.
Градоначалничката посочи дека вредноста на ова возило е во висина од над 1,3 милиони денари, донација од Швајцарска агенција за развој и соработка – SDC, спроведено од
Програма за развој на обединетите нации – UNDP, преку Форумот на заедниците, за да се детектираат реалните потреби на граѓаните.
Претседателот на Здружението на слепи лица Битола Стевче Костадиновск иистакна дека ова возило во многу голема мерка ќе ја помогне мобилноста на сите категории граѓани со попреченост, за да можат да учествуваат на спортски натпревари, да посетуваат одредени места, па дури и да можат непречено да одат до своите работни места.