Спортско-рекреативното катче Тумбе Кафе, кое е едно од најпознатите места за спорт и рекреација на битолчани, од денес е новата Balans+ рекреативна зона. Благодарение на оваа донација на Бимилк, локацијата на Тумбе Кафе е комплетно репарирана, а истовремено се поставени и повеќе справи за рекреација.
На отворањето присуствуваа голем број рекреативци и спортисти, претставници на Општина Битола и градоначалничката на општината м-р Наташа Петровска, која потенцираше дека оваа донација е од исклучителна важност, не само поради тоа што сега битолчани ќе имаат ново катче за спорт, туку и поради тоа што благодарение на Бимилк целата локација на Тумбе Кафе е комплетно обновена и добива сосема нов лик.
„Ова е место каде битолчани често рекреираат, ги поминуваат утринските и попладневните часови, се радувам што Бимилк ги препозна потребите на битолчани и овозможи овој простор да се оплемени, да се освежи, за да можат битолчани да ги изведуваат своите рекреативни активности. Навистина ни е драго што од Бимилк вистински ја препознаваат важноста за создавање здрави навики, истовремено согледувајќи ги и реалните потреби на нашите сограѓани, особено земајќи предвид дека на Тумбе Кафе како локација навистина ѝ требаше освежување. Со овој несебичен гест се обезбедува нова спортско-рекреативна зона за градот Битола, со што се придонесува за квалитетот на живеење на целата наша заедница. Убедена сум, дека со вака општествено одговорна компанија како Бимилк, сигурно и во иднина ќе имаме длабока соработка токму во интерес на граѓаните и во насока на здрав живот“, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Општина Битола.
Од Бимилк, пак, истакнаа дека отворањето на Balans+ зоните е со цел подигнување на свеста за спортот и за здравиот начин на живеење, а во согласност со пораките на брендот „Balans+“:
„Среќни сме што Општина Битола ни дозволи да го возобновиме ова место, кое за нас како битолчани е од исклучително значење за практикување здрав начин на живот. Всушност, долгорочна цел на компанијата е да допреме до што поголем број граѓани и да ги поттикнеме на спорт и рекреација, така што верувам дека граѓаните повторно ќе се вратат на Тумбе Кафе, а уште веднаш можам да најавам дека ќе следат и други ‘Balans+’ зони во други градови во Македонија. Имено, преку портфолиото на „Balans+“ ги комуницираме придобивките од редовно консумирање здрава исхрана и постигнување внатрешен баланс во организмот, па верувам дека една ваква зона под брендот на „Balans+“ ќе ја пренесе пораката и заважноста од практикување спортски активности и постигнување баланс на телото“, рече Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.