НОВО АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО ЗА ДЕЦА И СКРИНИНГ ЗА КАРДИО И РЕСПИРАТОРНИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ УЧЕНИЦИ

НОВО АМБУЛАНТНО ВОЗИЛО ЗА ДЕЦА И СКРИНИНГ ЗА КАРДИО И РЕСПИРАТОРНИ ЗАБОЛУВАЊА КАЈ УЧЕНИЦИ

Општина Битола е дел од проектот за прекугранична соработка со Грција, преку кој се врши скрининг на деца од општината за откривање на респираторни и кардио-васкуларни болести. Во рамките на проектот е обезбедено амбулатно возило за пренос на педијатриски пациенти, со најсовремена опрема, во вредност од 50.000 евра, кое по завршувањето на проектот, ќе биде предадено на трајно користење на Клиничката болница во Битола.

„Ова е исклучително важен проект за Општина Битола, ги подобрува услугите кон граѓаните, кон една сензитивна попоулација кои имаат проблеми со кардио-васкуларните заболувања. Ова е проект кој покажува дека кога повеќе субјекти ќе се поврзат, односно невладини организации, Високата медицинска школа во Битола, општината и Министерството за локална самоуправа, навистина може да се извлече резултат исклучително значаен, кој врши поместување на квалитетот на живеењето на сите граѓани“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

„Со досегашиот скрининг се опфатени околу 600 деца. Мапирањето сѐ уште трае, а здравствен проблем беше забележан кај 10 проценти од децата. Дел од тие 60 деца со кардио наоди веќе се опрерирани, а другите се мапирани за понатамошно лекување во Клиничката болница во Битола“, истакна Милчо Дули, претседател на „Сфера Интенешнл“.

Децата со потенцијален ризик за развој на радио и респираторни болестисе опремени со смарт часовници, преку кои се следи нивната здравствена состојба, а добиените податоци преку софтвер се испраќаат во Клиничка болница Битола.

„Проектот е многу благороден, вклучува скрининг за кардио-васкуларни заболувања во детска возраст. Кај децата кај кои се пронајдени одредени аномалии, ќе бидат понатаму носени и следени во Клиничката болница од тимот педијатри.Доколку има потреба, ќе се преземаат соодветни дејствија од страна на здравствената и социјалната заштита и остварување на правата на тие деца. Ова е еден голем исчекор. Бројката на новооткриени деца со цакви проблеми не е голема, бидејќи раната превенција е застапена, но, се разбрира дека е од огромно значење бидејќи подобро е да спречиме отколку во подоцнежна возраст да лечиме“, посочи Билјана Гагачовска, директор на Клиничката болница Битола.

Македонската страна во проектот доби 250.000 евра, со дополнително кофинансирање од 32.000 евра од страна на Министерството за локална самоуправа.

„Околу 4 до 5 проценти од тестираните деца имаат потенцијална можност за ризик од вакви болести, а ако се додадат и деца кои претходно биле третирани од овие болести доаѓаме до бројка од 60 дечиња во градот. Во разговор со докторите, тоа се понтенцијални случаи и голем дел од нив нема да имаат последици, да речеме, мал е процентот на деца кои се загрозени или потенцијално опасни “, истакна министерот за локална самоуправата Горан Милевски.

Партнери во проектот „We care“ (Ние се грижиме) се Виоката медицинска школа и Сфера Интернешнл од македонска страна и уште три организации од грчка, каде исто така се прави скрининг на деца на школска возраст во однос на кардио и респираторни заболувања.