НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЦРВЕН КРСТ

Со желби за добро здравје и радост во Новата година, Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод претстојните празници, денеска донираше новогодишни пакетчиња на Општинската организација на Црвен крст.

Новогодишните пакетчиња ќе бидат поделени согласно евиденцијата на Црвениот крст, на деца со ретки болести и деца од социјално ранливи семејства.