НОВИ СКАЛИ ВО МЕСНОСТА КРКАРДАШ

НОВИ СКАЛИ ВО МЕСНОСТА КРКАРДАШ

По проширени и целосно реконструирани скали, битолчани годинава ќе можат да се искачуваат кон црквичето „Св. 40 маченици“, за време на одбележувањето на овој верски празник. Екипи на КЈП „Нискоградба“, по налог на Општина Битола, ги завршуваат работните активности во вредност од околу 300.000 денари, кои покрај скалите, обезбедија решение за жителите на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, во однос на истечните води.

Во овој дел од населбата Баир, на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, направени се канализациони приклучоци во должина од 45 метри, поставена е и нова шахта со атмосферска решетка, во која ќе се собираат атмосферските води, кои досега се излеваа на ѕидовите од околните куќи и им предизвикуваа големи проблеми на локалните жители. Направени се и нови 7 приклучоци на индивидуални куќи, во однос на фекалната и атмосферската канализација.

Поставен е потпорен ѕид во должина од 5,5 метри со висина од 1,40 метри. Поради непристапниот терен за работа со машини, се работеше рачно на ископ и поставување на цевките, од страна на вработените во КЈП „Нискоградба“. Градоначалничката Наташа Петровска, претседателот на Советот на Општина Битола и дел од советниците во општинскиот совет, го посетија местото каде и денес се работи, со цел да се запознаат со тековните активности и изведби. Дел од жителите на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ го искажаа задоволството од локалната самоуправа која одговорила на нивните барања, за решавање на еден, за нив, горлив животен проблем. Тие се заблагодарија на преземените активности и интервенции, а дополнително дадоа предлози за следни инфраструктурни зафати во овој дел од градот.

SONY DSC