НИНЏИЦУ БИТОЛА ПРВОПЛАСИРАНА ЕКИПА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО БУГАРИЈА

НИНЏИЦУ БИТОЛА ПРВОПЛАСИРАНА ЕКИПА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО БУГАРИЈА

Екипите на Нинџицу клуб Битола и Паунд фор Паунд тимот од Македонија, со високи резултати се вратија од меѓународниот турнир кој се одржа во Бугарија. На зимскиот традиционален турнир за Џиуџицу и Граплинг на кој учествуваа 150 такмичари во јуниорска, сениорска и мастер дивизија, битолската екипа со својот одличен настап освои 10 златни, 7 сребрени и 6 бронзени медали, пласирајќи се како првопласирана екипа на турнирот.

Битолските натпреварувачи на средбата со градоначалникот Коњановски, заблагодарувајќи се за општинската поддршка, информираа за постигнатиот успех со кој ја започнаа сезоната и кој претставува вовед во турнирите што претстојат.